Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна 27,2%, објави агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат.
Во декември невработеноста била на ниво од 26,4%, па така во јануари е достигнат нов историски максимум на бројот невработени.
Стапката на невработеност меѓу младите Грци на возраст од 15 до 24 години во првиот месец од оваа година достигнала 59,3%.
Растот на невработеноста покажува влошување на финансиската криза во Грција и голема зависност на земјата од средствата од меѓународните кредити.
Грција во моментов има највисока стапка на невработеност во еврозоната.