News tab – нова опција на Facebook

50

Социјална мрежа Facebook ја претстави нова секција – News tab на својата мобилна апликација. Тука ќе се прикажуваат наслови од вести што ги избираат новинари.

Компанијата се надева дека на овој начин ќе придонесе во борбата против ширење на лажни вести, пишува Forbes.

“Ова е прв пат во апликацијата да има место што е фокусирани на висококвалитетно новинарство“, рече основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

Ова го најавија од Facebook уште во 2015-та година, кога беа опфатени неколку медиумски куќи, меѓу кои: The New York Times, National Geographic, Buzz Feed, NBC News, The Atlantic, The Guardian, BBC News.

Фото: Pixabay