Незаборавни парчиња накит од луксузната колекција на Елизабет Тејлор

202

Покрај незаборавни улоги, нејзината магична убавина, многуте љубови и бурниот живот, Елизабет Тејлор ќе остане запаметена и како страствен љубител и колекционер на скапоцен накит. Еве само мал дел од она што иконата го поседуваше.

Булгари обетки од смарагд и дијаманти, 1960

obetki green

Подарок од најголемата љубов на нејзиниот живот, Ричард Бартон. Елизабет ги носеше овие преубави обетки во Париз на приемирата на Лоренс од Арабија (Lawrence of Arabia) во 1962 година и на средбата со Кралицата Елизабета II во Вашингтон, 1976.

Златна бразлетна со привезоци

brazletna

Како страствен љубител на скапоцениот накит, таа постојано беше опсипувана со златни привезоци за сеќавање. Бартон и подари еден таков во спомен на филмот Клеопатра. На бразлетната имаше дури и златен провезок од времето на Хенри VIII, од 1544. Сепак најдраго и беше златното катанче во облик на топка, на кое беа изгравирани имињата на нејзините деца.

Дијамантски обетки од Мајк Тод, 1957

paste diamond

За време на една прошетка во Париз со тогашниот сопруг Мајк Тод, Елизабет виде исти вакви обетки, кои иако не беа од дијаманти, таа веднаш посака да ги има. Тод и ја исполни желбата, порача подобра копија од нив – од дијаманти, и по неколку месеци Елизабет ги имаше на себе.

Обетки од дијамант и рубин, Картие

ruby ear p

Подарок од Мајк Тод, во времето кога Елизабет беше бремена со нивната ќерка Лиза.

Булгари брош од дијаманти и смарагди, 1960

bulgari

Подарок од Ричард Бартон, еден од многуте во текот на заедничкиот живот со иконата на убавината и филмот.

Ѓерданот Granny (бабичка), 1971

dragon

Уште еден подарок од Бартон, овој пат од француската компанија за накит, часовници и парфеми, Van Cleef & Arpels. Тој се одлучи на овој скапоцен ѓердан кога Елизабет стана баба за прв пат на 38 години.

Ретро брош, 1945

bros retro

На свои 13 години таа веќе работеше како актерка (Леси се враќа дома). Па така Елизабет ги собра сите заработени пари до тогаш и за 8 Март и го подари овој брош на својата мајка. Тоа беше првото парче накит што Елизабета го купи, започнувајќи ја долгата традиција.

Ѓерданот со маргаритки, 1990–93 

daisises

Актерката го носеше овој ѓердан од Van Cleef & Arpels, кога ја прими наградата за хумани вредности на 65та по ред Annual Academy Awards во 1993. Таа го позајми ѓерданот за специјалната пригода, но неможејќи да му оддолее, на крајот сепак го купи.

Обетки од дијаманти и разнобојни сафири, 2001

multi color

Наречени аурора бореалис, овие светкави обетки дизајнирани од генијалниот златар Џоел Розентал, беа направени специјално за Елизабет, а инспирирани од нејзината сино-виолетова боја на очите.

Дијамантските прстени Пинг-понг

item21.rendition.slideshowWideVertical.elizabeth-taylor-jewelry-ss22

Уште еден подарок од Бартон, добиен по партија пинг-понг. Бартон си го одржал зборот, откако изгубил од Елизабет со 10 поени, тој и го подарил овој 3 во 1 прстен со малечки дијаматни на него (како симбол на пинг понг топчињата).

Дијамантот Елизабет Тејлор 

item22.rendition.slideshowWideHorizontal.elizabeth-taylor-jewelry-ss23

Беспрекорниот 33,19 каратен дијамант е исто така подарок од Бартон, кој Елизабет често го давала и други да го пробуваат, чисто за да видат дали ќе можат да ги забележат “сите бои на виножитото” на него. Пред да биде наречен по неа, овој дијамант бил познат како Krupp Diamond.