Ни се заканува најголема криза по Втората свтска војна

225

Германската министерка за економска соработка и развој Свења Шулце во интервју за Билд предупреди дека на светот му се заканува акутна криза поради вртоглавите цени на храната.

„ Ситуацијата е многу драматична. Поради пандемијата на коронавирус, екстремните суши и војната во Украина, светските цени на храната се зголемија за една третина и сега се на рекордно ниво. Светската програма за храна моментално проценува дека повеќе од 300 милиони луѓе страдаат од акутен глад и бројките мора постојано да се прилагодуваат, проценките се зголемуваат. Горчливата порака е дека ни се заканува најголемата криза со глад по Втората светска војна, милиони луѓе ќе умрат“, рече Шулце.