NightWatch – детектор на епилептични напади што спасува живот

23

Фото: LivAssured

NightWatch е мини детектор на епилептични напади што се носи на рака и може да спаси нечиј живот, пишува New Atlas.

Уредот е дело на експерти од Технолошкиот факултет во Холандија и центарот за епилепсија Kempenhaeghe.

Најлошите напади обично се случуваат при спиење, a за жал истите знаат да бидат и фатални. Досега силните напади се детектираа преку направа поставена на креветот што реагира на движење.

Според изумителите, NightWatch е поефикасно решение од причина што пациентот го носи детекторот на горниот дел од раката додека спие. За тоа време вградените оптички сензори ги мерат срцевите отчукувања, додека акцелометрите ги следат ненадејните нагли движења специфични за оваа болест. Доколку истите бидат забележани заедно со брзо срцебиење, уредот звучно ги алармира останатите луѓе во близина на пациентот и испраќа безжичен сигнал.

Детекторот бил тестиран на 28 луѓе со епилепсија, односно секој од нив го носел 65 ноќи. При експериментот имало и вклучени камери со цел што подетално да се видат нападите. По завршување на истиот резултати покажале успешно детектирање на 85% од сите посериозни напади и 96% од потенцијално фаталните.

Технологијата моментално ја развива спин-оф компанијата LivAssured.