Американскиот популарен бред Nike најави зголемување на платите на 7.000 свои вработени, или на 10% од целокупниот персонал во светски рамки, пишува CNN.
Како што велат од компанијата овој чекор е дел од заложбите на Nike за создавање на корпоративна заедница каде што секој вработен ќе се чувствува моќно и ценето.
Зголемувањата се и дел од планот на компанијата да ги направи платите на своите вработени поконкурентни на пазарот, откако неодамна била спроведена детална анализа на работењето.
Ова соопштение е последното од серија на промени што брендот за спортска облека ги спроведе годинава.
Nike исто така ја промени и политиката со бонусите. Претходно одредувањето на нивната висина се базираше на комбинација од перформансите на компанијата, тимот и работникот. Со новите промени бонусите ќе се одредуваат само од перформансот на компанијата во целост.
Фото: Pixabay