Nike создаде патики што не мора да се допираат со раце за да се облечат

98

Дали кога купувате чевли, при изборот пресудно е колку лесно може да ги облечете? Nike му става крај на овој предизвик бидејќи создаде патики што може да се облечат со голема леснотија, без да имате потреба да се наведнувате и да си помагате со рацете.

Станува збор за Go Flyease, коишто се добредојдени особено во услови на пандемија, кога заради безбедност се препорачува да не се допираат многу предмети и површини.

Кога се облекуваат овие патики, доволно е само да се стави ногата, а соблекувањето оди со истата леснотија.

Go Flyease ќе бидат во продажба од 15-ти овој месец по цена од 120 долари на интернет страницата на Nike, додека на полиците во продавниците се очекува за подоцна оваа година.

Фото: News.nike.com