Никој не знае кој ги доби акциите на Zoom вредни шест милијарди долари

30

Основачот на компанијата Zoom, Ерик Јуан префрли околу 18 милиони од своите акции во вредност од околу шест милијарди долари, како подарок на “неспецифични корисници“, пренeсуваат светските медиуми.

Овие 18 милиони акции претставуваат 40% од уделот на Јуан во неговата компанија.

Портпаролот на компанијата што ја разви една од најпопуларните платформи за видео повици вели дека трансферите се поврзани со “типична пракса на планирање на имот на семејството Јуан“.

Аналитичарите сметаат дека овој потег ги вознемирува инвеститорите, додека не дознаат кој е новиот соpственик на акциите. Посебно треба да се има предвид дека Јуан има 51 година, сопруга и три деца, па распоредување на неговото богатство може биде избрзан потег.

Јуан го основаше Zoom во 2011 година и по излегувањето на берза во 2019 година стана милијардер, а според магазинот Forbes во овој момент располага со 13,7 милијарди долари.

Фото: Pexels