Нафтена индустрија Србија (НИС) е најдобра компанија во Србија со приходи од преку две милијарди евра и нето добивка од 402,5 милиони евра во 2012 година, стои во публикацијата Топ 500, пишуваат српските медиуми.
Во специјалната публикација на неделникот Нин, на второ место според деловни приходи е Електростопанство Србија со 1,68 милијарди евра, потоа следуваат Телеком Србија со една милијарда евра, Делез Србија со 913 милиони евра, а на петто место е Србијагас со 659 милиони евра.
По нето добивка во 2012 година, на второ место е Телеком Србија со 109 милиони евра добивка, на трето Теленор со профит од 95 милиони евра, потоа следуваат ПТТ Србија и компанијата Таркет.
Во публикацијата што вчера беше претставена во Стопанската комора на Србија се наведува дека меѓу најпрофитабилните сектори се истакнуваат ИТ, игрите на среќа, но раст бележат и секторите за производство на прехранбени и земјоделски производи.