Српската компанија Е рециклажа ги произведе првите бетонски рабови за тротоари целосно направени од рециклирани катодни цевки, пишува еКапија.
Бетонските рабови за тротоари се поставени во центарот на Ниш. Тие се дел од пилот проект, којшто е прв од овој вид во централна и источна Европа и претставува показател за соработка меѓу државата, универзитетската заедница и компаниите.
Процесот на изработка траеше три години и е направен според посебна рецептура со потребните а – тестови, во соработка со Институтот за градежништво и архитектура при Градежниот факултет во Ниш.
Компанијата Е рециклажа се занимава со рециклирање на електронски и електричен отпад, со што значително придонесува за зачувување на животната средина. Во процесот на работа користи најсовремена технологија и машини за рециклирање. Оваа година компанијата рециклираше скоро 13.000 тони електричен и електронски отпад, што е за 30% повеќе од лани.