Нискиот водостој на Рајна ја загрозува германската економија

Продолженото ниско ниво на водата на Рајна, еден од клучните водни патишта за транспорт во Германија, би можело да предизвика огромна штета на германската економија оваа година, предупреди Трговската и индустриска комора (IHK) на регионот Рајнска област-Пфалц.

„Ситуацијата е навистина критична“, изјави портпаролката на IHK, Никол Раболд, додавајќи дека се очекува економската штета да биде „огромна“, пренесува Дојче Веле.

Таа изјави дека сè уште не е можно да се процени дали штетата ќе ја надмине онаа од 2018 година, кога беше забележано рекордно ниско ниво на водата.