Nissan ги откри спецификациите за Ariya Nismo

36

Одделот Nismo на Nissan се враќа во Европа, a Ariya e моделот кој јапонската марка го избра за негово повторно воведување на пазарот

Nissan ја зголемува привлечноста на својот електричен SUV Ariya со помош инженерите од одделот Nismo. И денес дознавме колку брзо може да забрза новиот врвен опсег Ariya и дека е едвај побрз од обичната не-Nismo верзија на која се базира.

Ariya Nismo доаѓа со двомоторен погон од 435 КС (320 kW) што претставува чекор напред во однос на од 394 КС кои ги нуди претходно најмоќниот модел, e-40rce. Evolve+, кој ја дели својата батерија од 87 kWh. И како што би очекувале од тие бројки, перформансите се исто така подобрени.

Nissan наведува дека спринтот од место до 100 км/ч се достигнува за време од 5,1 секунди за e-40rce Evolve+ со 394 КС и 5,0 секунди за Nismo со 435 КС.

Дизјан

Ariya Nismo доаѓа со елегантен, интегриран аеродинамичен дизајн, создавајќи чувство на лесно струење низ воздухот. Благодарение на неговата форма, продолжениот долен браник и задниот спојлер, коефициентот на подигање на Ariya Nismo бележи подобрување од 40%, постигнувајќи CL 0,11 во споредба со CL 0,18 од стандардната Ariya.

Широкото и ниското присуство на Nismo и нискиот центар на гравитација, покрај двојниот заден дифузор, исто така го водат протокот на ветерот за зголемена потисна сила. Дополнително, спојлерите и воздушните завеси, инспирирани од Formula Е, го намалуваат отпорот поради уникатната аеро плоча и дизајнот на воздушниот удар, генерирајќи непречен проток на ветерот по телото на возилото и исправување на протокот на воздух пред задните гуми.

Пневматиците Michelin Pilot Sport EV вклучени во Ariya Nismo исто така се дизајнирани да понудат зголемена цврстина. 20-инчните тркала ENKEI “MAT Process” обезбедуваат комбиниран дизајн со тенки краци кои го намалуваат отпорот. Освен тоа, тркалата содржат и форма на голема дупка за да се промовира евакуацијата на воздухот, овозможувајќи им на сопирачките да останат ладни. Од Nissan особено гордо го истакнуваат фактот дека Ariya Nismo нуди зголемено вртење и странична сила поголема од онаа на GT-R Nismo. Динамичната суспензија на моделот, која вклучува модифицирани пружини, стабилизатори и амортизери, работат заедно со избалансираната шасија на високо ниво, за зголемена контрола на движењето на телото, нудејќи им на возачите зголемено ниво на цврстина додека се на пат.

Ентериер

Целосно новиот Ariya Nismo се одликува со прецизно редизајнирана внатрешност, од седиштата до внатрешните завршетоци, обезбедувајќи премиум искуство за сите. Седиштата, исечени во материјал налик на велур, се специјално дизајнирани за спортско возење.

Суштината на Nismo е испреплетена низ внатрешноста со црвени шевови на воланот, заедно со препознатливите црвени акценти на Nismo насекаде, создавајќи спортски амбиент. Оваа елегантна атмосфера е дополнително засилена со поцрнетата дрвна текстура со отворени пори што се користи низ возилото, нудејќи софистициран и модерен изглед, збогатено со црвеното Andon светло.

Nissan не ги откри официјалните цени за Ariya Nismo.

преземено од Avtoplus.mk