Nissan за пет години во Кина ќе продава само хибридни и електрични возила

29

Јапонскиот производител на автомобили, Nissan во Кина до 2025 година планира да продава само хибридни и електрични возила, пренесуваат светските медиуми.

Дотогаш Nissan планира да претстави девет модели што ќе бидат целосно или електрични или хибридни. Позадината на оваа одлука се гледа во плановите на Пекинг до 2035 година сите возила што ќе се продаваат во земјата да ги задоволуваат строгите еколошки стандарди.

Nissan планира за 30% да го зголеми производството во Кина, што би требало да обезбеди до два милиони единици годишно. Автомобилската компанија сака да го зголеми својот удел на електрични возила што се продаваат во Кина од сегашните два на 23% во следните три години.

Во овој момент Nissan на кинескиот пазар го нуди електричниот Leaf со домет од 250 до 270 километри.

Фото: Pixabay