Ниту еден енергетски гигант не планира да го затвори производството на фосилни горива

69

Земјите со значително производство на нафта и гас се обврзаа да ги намалат емисиите на штетни гасови на нето нула, но ниту една од нив не планира на крајот да престане со дупчење, според истражувањето на независното здружение Net Zero Tracker.

Наодите од истражувањето откриваат јаз меѓу целите што ги поставија земјите да избегнат катастрофални климатски промени и нивните вистински планови да продолжат со производство на извори на енергија кои испуштаат јаглерод диоксид, заклучува Net Zero Tracker.

Владите на климатскиот самит на Обединетите нации (ОН) COP28 во Дубаи разговараат за договорено постепено укинување на фосилните горива што испуштаат CO2, главната причина за климатските промени.

69 земји-производители на нафта се обврзаа на „нето нула“, вклучувајќи ги нафтените гиганти како Саудиска Арабија, САД, Русија, Кина и домаќинот на самитот Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), според информациите што ги виде Ројтерс.

Само три помали производители на нафта, Данска, Шпанија и Франција, поставија конкретни планови за прекин на дупчењето, велат истражувачите. Данска и Шпанија се исто така изолирани во групата производители на гас во плановите за постепено затворање на производството.

А домаќинот на самитот, ОАЕ, има намера да ги намали емисиите на нето нула, но и да ги зголеми капацитетите за производство на нафта и да го зголеми производството на гас, според плановите на државната компанија АДНОЦ.

Претседателот на Комитетот за климатски науки на ОН, Џим Скеа, во понеделникот рече дека до 2050 година, глобалната потрошувачка на нафта мора да се намали за 60 отсто, а употребата на гас за 45 отсто за да се спречи зголемувањето на температурата на Земјата за повеќе од 1,5 степени Целзиусови.

Тоа сценарио предвидува „значително намалена потрошувачка на фосилни горива“ до 2050 година, рече Скеа на самитот COP28, при што јагленот постепено ќе биде исфрлен, пренесува Тпортал.хр.