Ниту еден Русин досега немал толкаво богатство

98

Бизнисменот Владимир Потанин направи апсолутен рекорд по богатство меѓу руските милијардери, пишува магазинот Forbes.

Неговото богатство се проценува на 30 милијарди долари, износ што ниту еден Русин досега не го остварил.

Според Forbes, растот на богатството на Потанин е поради зголемување на вредноста на акциите на неговата компанија. Една акција на неговиот гигант вреди околу 300 евра.

Во јуни минатата година, според магазинот, Потанин имал 26,1 милијарда долари, а за само два месеци успеал да заработи 6,4 милијарди долари.

Шеесетгодишниот Потатин презеде акции во Norilsk Nickel во текот на приватизацијата во Русија во 1995-та година, а денес поседува една третина од компанијата. Рускиот олигарх има акции во повеќе сектори, меѓу кои осигурување, медиуми, земјоделие, инженерство и нафта.

Според Forbes, најбогатиот Русин е 41-ви најбогат човек на планетата.

Фото: Pexels