Nixie Clock – првиот лебдечки часовник во светот

80

Шкотскиот електроинженер, Тони Адамс, го создаде првиот часовник што лебди над својата површина, пишува Gizmag. Часовникот покажува време и датум со бројки од сјаен метал и стакло. На уредот не му требаат батерии и жици за струја и може да работи без прекин со месеци, па дури и години.

Лебдењето го овозможуваат ретки земјени магнети сместени во базата и долната страна на екранот, додека електромагнети во базата го држат дисплејот стабилен во просторот. Уредот има и резервна батерија што овозможува лебдење на часовникот до 30 часа во случај на прекин на енергија. Времето се мести преку копчиња што се наоѓаат на базата или преку апликација на мобилен телефон.

Адамс моментално собира средства за часовникот на платформата Kickstarter и нуди две верзии на Nixie Clock, моделот Relay со пет стаклени туби што постојано прикажува час и минути и Beacon со една туба што периодично прикажува час, минути и секунди.

Levitating-Nixie-Clock

levitating-nixie-clock-2