Низ улиците на Париз ќе се вози со 30 километри на час

23

Париз до крајот на август ќе воведе ограничување на брзината од 30 километри на час за скоро сите градски улици, во обид да се намали бројот на несреќи и загадување додека градот се прилагодува на борбата против климатските промени.

Градоначалничката Ен Хидалго, која планира да се кандидира за претседателка следната година, се обврза да ја намали површината на јавниот простор на којшто се движат автомобили.

Веќе околу 60% од улиците во Париз имаат ограничување од 30 километри на час, а откако Хидалго стапи на должност во 2016-та година, бројни улици се стеснети или целосно забранети за автомобили.

По август, само на главниот сообраќаен прстен што го окружува Париз и главните булевари и сообраќајни артерии ќе биде дозволено возење со поголема брзина.

Мерката е донесена во период кога Хидалго настојува да ги спроведе плановите според кои во Париз се отстрануваат од 60.000 до 140.000 паркинг места во градот.

Мотоциклите и скутерите, на коишто им е дозволен бесплатен паркинг, исто така од следната година ќе почнат да плаќаат, а цените за паркирање на автомобилите ќе бидат повисоки.

Фото: Pexels