Индиското студио Symbiosis Architects дизајнираше систем на џиновски прочистувачи наречени Aũra. Системот работи на принцип на аеродинамика, односно благодарение на свитканата форма и воздушниот притисок го собира загадениот, а испушта ладен и чист воздух.
На врвот на Aũra има зелени жардинери за наводнување капка по капка, а секој прочистувач има две комори. Едната ја зголемува релативната брзина на воздухот, а другата го прочистува загадениот воздух пред да го исфрли надвор со огромна брзина и ниска температура, пишува Inhabitat.
Процесот се одвива на овој начин со цел да се создаде разлика во притисокот и да се врати загадениот воздух назад во прочистувачот.
Според дизајнерите, 18-метарските Aũra прочистувачи би можеле да исчистат 32 милиони кубни метри воздух дневно, додека за еден час таа бројка би изнесувала 1,3 милиони кубни метри воздух.
Фото: Pixabay