Њујорк ќе воведе самотестирање за коронавирус

89

Здравствените установи во Њујорк ќе воведат самотестирање за коронавирус во кое граѓаните сами ќе може да земаат примероци според упатства на здравствените работници, најави градоначалникот Бил де Бласио.

Тој рече дека тоа ќе овозможи далеку повеќе тестови кои ќе бидат полесни и посигурни и за пациентите и за здравствените работници.

“Тоа е нешто што ќе почнеме масовно да го користиме затоа што за сите ќе биде подобро“, рече Де Бласио.

Досега, тестирањето го правеа здравствените работници така што земаа брисеви од ноздрите, што често ги ирититало пациентите на кивање и кашлање со што директно биле загрозени здравствените работници.

Новиот метод би требало да почне да се применува следните денови на осум места во градот.

Процесот ќе функционира така што здравствениот работник ќе му објасни на граѓанинот како да го направи тестот, а потоа лицето ќе оди во друга просторија, ќе си земе брис од носот и ќе остави плунка во чаша за втор примерок за вкрстена проверка.

Де Бласио рече дека овој начин ќе овозможи одржување на дистанца меѓу медицинскиот персонал и луѓето кои се тестираат, а ќе се зголеми и бројот на тестирања од 15 на 20 за еден час.

Фото:Pixabay