Њујорк: Пловна LED скулптура го мери квалитетот на речната вода

31

Тим дизајнери од студиото +POOL креираа пловна скулптура со LED светла коишто ја менуваат бојата во зависност од квалитетот на водата.

Скулптурата којашто има форма на крст или “плус“ моментално се наоѓа во речните води на Менхетен, Њујорк, а нејзините димензии се 15,2 на 15,2 метри, пишува Designboom.

Кога во водата има патогени бактерии, но нивоата се безбедни за пливање, скулптурата има сина боја. Кога реката е загадена и небезбедна за капачи, бојата се менува во розова.

LED светлата, исто така, менуваат боја во зависност од струењата во водата, а нивната светлина, фреквенција и острина зависи од нивото на кислород, заматеноста и PH вредноста на водата.

Скулптурата ќе биде изложена во реката до трети јануари 2020 година, а нејзината цел е на уметнички начин да се подигне свесноста за загадувањето на водите.

Во 19-от век во Њујорк биле популарни пловни базени во реката кои до 1940-тите служеле како јавни бањи. Оттогаш поради загадување на водите истите се забранети.

Фото: PlusPool