Њујорк се празни – камионите за селидба нов симбол на градот

397

Како што некогаш Америка беше ветена земја, така и Њујорк беше на врвот на списокот со желби на светските патници. Меѓутоа, корона кризата ги смени работите преку ноќ, така што сега овој град е сè попразен и потивок.

Градскиот живот веќе не е ист, а становите се премногу скапи. Има помалку и помалку бучава на улиците, а жолтите такси се заменети со камиони за селидба.

Сузан Бертрам се преселила во Њујорк од Дортмунд пред многу години, поради кариера, но сега заминува од градот. Таа работи на Менхетен, нејзиниот сопруг исто така работи таму, но животот со деца во мал стан во времето на короната за нив станал неподнослив, пренесува Tv6 news.

“Го напуштивме Њујорк, затоа што стана јасно дека не е можно да се работи од дома. Мојот сопруг и јас работиме, а со три деца и да се грижиме за нив, сето тоа едноставно не беше можно во двособен стан“, вели таа.

Според телефонската анкета, во периодот од март до мај, само 420.000 луѓе го напуштиле Њујорк. И покрај фактот дека овој град има повеќе од осум милиони жители, оваа бројка не е занемарлива.

На југот на Менхетен, околу 5% од становите се празни. Половина од недвижниот имот веќе е испразнет во поскапите населби.

Агентите за недвижнини никогаш немале повеќе работа.

Споредено со минатата година, тие имаат 350% повеќе работа од избувнувањето на пандемијата. Она што е клучна промена е тоа што луѓето порано сакаа да дојдат во Њујорк, а сега сакаат да го напуштат.
 
Фото: Pixabay