Њујорк Сити и Северна Вирџинија одбрани за нови седишта на Amazon

93

Фото: Facebook

Најголемата компанија за онлајн продажба, Amazon одбра два града во САД како свое второ и трето седиште, пишува WSJ.

Од вкупно 238 пријавени места и 14-месечна “потрага“ по вистинската локација, како градови за нови кампуси одбрани се Њујорк Сити и Северна Вирџинија.

Планираните пет милијарди долари за изградба и 55.000 работни места ќе бидат подеднакво поделени на двете локации, односно по 25.000 вработени во секој град.

Компанијата, чиешто седиште е во Сиетл, беше во преговори со неколку американски градови пред да ја донесе конечната одлука.