
НЛБ Банка ги известува своите корисници дека ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,02 до 1 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 01.04.2018 година. Исто така, од 01.04.2018 година, од понудата на Банката се повлекуваат:
- Златниот депозит во МКД, ЕУР и УСД и
- Златниот Плус депозит во МКД на износи до 3 милиони МКД и Златниот Плус депозит во ЕУР на износи до 50 илјади ЕУР.
Од банката додаваат дека новите каматни стапки на депозитните продукти за физички лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити и истите се достапни на следниот линк: Каматни стапки на депозити за физички лица