НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите

79

nlb-banka

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички и правни лица.

Каматните стапки на депозити за физички лица во денари и евра се намалени од 0,01 до 0,4 процентни поени, додека каматните стапки на депозитите за правни лица се намалени од 0,01 до 0,3 процентни поени.

Новите каматни стапки за физички и правни лица, како што информираат од банката, се со важност од 15-ти јануари.

Новите каматни стапки на депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.