НЛБ Банка ја продолжи кампањата за кредити за физички лица и ги намали каматните стапки на депозитите

11

nlb-banka-novo-logo

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредити за физички лица до 31.07.2017 година. Во рамки на кампањата, НЛБ Станбените кредити се одобруваат со намалени поповолни каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,5% и се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот.

Кај НЛБ Потрошувачките кредити, Банката го нуди Ризико виолетовиот потрошувачки кредит со каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци за одобрување.

Дополнително, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица. Каматните стапки на депозитите за физички лица во ЕУР се намалени од 0,01% до 0,3% процентни поени. Новите каматни стапки за физички лица се со важност од 01.07.2017 година.

Од 05.07.2017 година, НЛБ Банка ќе воведе нови девизни депозитни продукти. Новите депозитни продукти со рочност до 36 месеци ќе бидат со фиксни каматни стапки, додека каматните стапки кај депозитите на 48 и 60 месеци ќе бидат варијабилни и поврзани со 6-месечен ЕУРИБОР.