НЛБ Банка најдобра банка за 2018 година според Europe Banking Awards

28

НЛБ Банка АД Скопје трета година по ред е прогласена за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА, стои во соопштението.

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени ја водат НЛБ Банка кон остварување на извонредни финансиски резултати. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.