НЛБ Банка: Намалени каматни стапки за кредитите за физички лица

50

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, банката нуди нови потрошувачки и станбени кредити со пониски каматни стапки.

Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити се намалени до 0,5 процентни поени и почнуваат од 5,5% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите тринаесет месеци.

Исто така, новите НЛБ Станбени кредити се одобруваат со пониски и намалени каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,2% и се фиксни за првите три до шест години, зависно од типот на кредитот.

Во рамки на кампањата сите потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити со животно осигурување, како и автомобилските и сребрените кредити, ќе се одобруваат без манипулативни трошоци. Сите останати кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. Исто така, кредитите со обезбедување на надвижен имот ќе се одобруваат без трошоци за проценка.

Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити. Клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк .

Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк.