НЛБ Банка отвори нова експозитура во Виница

36

vinica-ekspozitura-nlb-banka

Фото: НЛБ Банка

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со уште една експозитура во Виница на улицата Маршал Тито бр. 8. Експозитурата го oпслужува сегментот население и правните субјекти.

Првите педесет клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите педесет корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен.

Работното време на експозитурата е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Деловната мрежа на НЛБ Банка во моментот ја сочинуваат 53 експозитури во Македонија, од кои 27 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови.