НЛБ Банка претстави кобрендирана кредитна картичка со cashback поволности

35

nlb-karticka

Фото: НЛБ Банка

НЛБ Банка ја промовираше новата НЛБ haPPy кобрендирана кредитна картичка од програмата на Mastercard во соработка со фирмата Неп лојалити, стои во соопштението.

НЛБ Банка за прв пат на пазарот во Македонија промовира картичка со загарантиран поврат на средства (cashback) со секое купување во земјата и во странство – НЛБ happy кредитна картичка. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на коешто е реализирана трансакцијата и се движи од 1% до 10% за трансакции реализирани кај трговците – партнери на програмата, додека за сите останати трансакции обезбеден е поврат на средствата во висина од 0,6%.

“Во развојот на продуктот се водевме од истражувањата на пазарот, потребите и барањата на клиентите, а со цел подигнување на задоволството на клиентите и остварување на долгорочен однос, соработка и лојалност. За првпат на клиентите им нудиме кредитна картичка со меѓународна важност чија примарна карактеристика е поврат на средства (Cashback) при речиси секоја трансакција во земјата и странство. Конечно, идејата на оваа картичка е на клиентите да им овозможиме што повеќе бенефиции и поголема додадена вредност во секојдневното нивно купување, а картичката да стане ‘top of the wallet’ или со други зборови- НЛБ haPPy картичката да биде првиот избор на клиентите при изборот на картичка за плаќање“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

За НЛБ haPPy картичката клиентите може да аплицираат во сите експозитури на НЛБ Банка и во продажните салони на Нептун. Дополнителна предност на картичката е тоа што при самото аплицирање во продажните салони на Нептун, воведено е и инстант одобрување на кредитен лимит на картичката и можност за реализирање на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.

Во моментот партнерската мрежа се состои од 90 трговци со повеќе од 400 продажни места. Согласно стратегијата на НЛБ haPPy програмата, планирано е континуирано проширување на партнерската мрежа и надградување на висината на повратот на средства, односно создавање на најголемото семејство на потрошувачи во Македонија.