НЛБ Банка прокнижи добивка од 1,1 милијарда денари во првото полугодие

39

НЛБ Банка првото полугодие од оваа година го заврши со добивка од 1.129.700.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, добивката на банката беше на ниво од 705.377.000 денари.

“Нето добивката на банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700.000 денари и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходната година“,  стои во Анализа на финансиските резултати.

“Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2021 година се пониски за 0,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 2,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 20,4% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување. Нето приходите од провизии се повисоки за 15,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 24,5% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 40,9%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар“, стои во Анализата.