НЛБ Банка со 418,5 милиони денари добивка го заврши првото тримесечје

120

НЛБ Банка во првите три месеци од оваа година прикажа добивка од 418.532.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани за банката заврши со добивка од 410.841.000 денари.

“Во анализираниот период, банката оствари нето добивка во износ од 418.532.000 денари, што претставува зголемување за 1,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето каматните приходи, заклучно 31.03.2020 година, како што се наведува, се пониски за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 3,8%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 15,5% главно поради пониски расходи за камата кај население што се должи на пониски каматни стапки и преструктуирање на изворите во корист на средствата по видување.

Нето приходите од провизии, како што стои во Анализата, се повисоки за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 8,8% како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, инвестициско и брокерско работење.

Фото: Pixabay