НЛБ Банка со добивка од 2,1 милијарди денари во 2018 година

29

НЛБ Банка во текот на 2018 година оствари добивка во висина од 2.120.369.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на банката изнесуваше 2.124.947.000 денари.

“Нето приходите од камати, заклучно со 31.12.2018 година, се повисоки за 3,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 0,6%, главно поради повисоки каматни приходи од кредитите на население, додека расходите по камати се пониски за 11,9%, исто така, главно поради пониски расходи за камата кај население. Во однос на планот, нето каматните приходи се повисоки за 2,6%“, стои во анализата на финансиските резултати, објавена на Македонска берза.

Нето приходите од провизии, како што се наведува, се повисоки за 2,9%, при што приходите од провизии се зголемени за 5,1% како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, електронско банкарство и брокерски услуги.