НЛБ Банка со промотивна кампања за О2 лимит за правни лица

33

nlb-banka-novo-logo

НЛБ Банка во периодот до 10.10.2017 година спроведува промотивна кампања за O2 лимит – долгорочен револвинг кредит за правни лица, стои во соопштението.

Во промотивниот период за сите правни лица кои ќе аплицираат за О2 лимитот можат да ги искористат следниве поволности: ниска каматна стапка од 5,9% којашто се пресметува само на искористениот дел и поволна еднократна провизија за аплицирање.

О2 лимит е револвинг кредит што е наменет за сите правни лица кои имаат потреба од дополнителни средства во своето тековно работење. Со овој кредитен продукт се овозможува надминување на одредени сезонски флуктуации во паричните текови, како и премостување на одреден период сè до наплата на побарувањата од своите купувачи.

О2 лимит – револвинг кредитот на фирмите им овозможува заштеда на време и средства, им дава сигурност и ликвидност во секојдневното работење.