Минатата недела, „мајката природа“ уште еднаш нè потсети на нејзината огромна сила. Обилни дождови со невидена разурнувачка моќ предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Босна и Херцеговина и одзедоа многу човечки животи, најголемата загуба за сите.
За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја. Донацијата ќе биде насочена кон хуманитарни организации, осигурувајќи дека помошта ќе стигне до оние на кои таа им е најпотребна.
„Во Словенија, сè уште се свежи сеќавањата на август минатата година и поплавите кои опустошија цели области на нашата земја. И сега, сцените кои доаѓаат од нашиот матичен регион каде што живеат толку многу наши пријатели и колеги од нашите банки се особено болни. Но, катастрофата ни дава можност уште еднаш да покажеме како, кога е најтешко, стоиме еден до друг. И да докажеме дека човечката волја, срце и солидарност се посилни од неуништливата сила на природата“. – истакнува Главниот извршен директор на НЛБ д.д Љубљана, Блаж Бродњак, најавувајќи ја донацијата на Групацијата.
Сите банки од пазарите каде што работи НЛБ Групацијата – Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Косово се вклучија во помошта со донација. НЛБ Банка Скопје донацијата ќе ја насочи преку „Фондот на солидарноста“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
„Она што го гледаме изминатите денови во Босна и Херцеговина не може никого да остави рамнодушен. Потресно е да се слуша за изгубени човечки животи и да се гледа како луѓето ги губат своите домови и сето она што го стекнале во животот. Имаме одговорност да се обединиме и да помогнеме, бидејќи овој регион не е само точка на мапата, туку е и наш дом“. – изјави Тони Стојановски, Председател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Со ваквите активности, НЛБ Групацијата докажува дека не е само банка, туку еден од клучните, системски градбени блокови на општествата и економиите во овој регион. Групацијата, покрај потенцијалот, ги препознава и тешкотиите, обезбедува поддршка кога е потребна и на тој начин создава подобар свет.
Фото: FENA