НЛБ: Известување за ажурирање на податоци за сметки на правни лица

215

Во насока на подобрување на корисничкото искуство и олеснување на работењето, НЛБ Банка од 01.05.2018 започна со автоматско повлекување и промена на одредени податоци за трансакциските сметки за правни лица, добиени од страна на Централен Регистар, стои во соопштението на банката.

Автоматското превземање на новите податоци согласно извршените промени во Тековната состојба ќе се реализира преку соодветен сервис, а ќе ги опфати следниве типови податоци: промена на дејност, организационен облик, големина, адреса, назив, вид и обем на одговорност и истите нема да влијаат врз расположливите средства на трансакциската сметка на корисниците.