НЛБ ќе го задржи брендот Комерцијална банка

589

Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на Нова Љубљанска банка (НЛБ), којашто купи 83,23% од сопственоста на српската Комерцијална банка, изјави дека НЛБ ќе го задржи брендот на Комерцијална банка.

“Ќе го задржиме брендот на Комерцијална банка, бидејќи сме импресионирани  како брендот е прифатен, така што тоа ќе биде НЛБ Комерцијална банка“, изјави Бродњак.

На прашањето што треба да очекуваат околу 3.000 вработени во Комерцијална банка по купувањето, тој изјави дека “работите не се едноставни“.

“Дигитализацијата на нов начин ја дефинира целата финансиска индустрија, стандардните трансакциски услуги преминуваат во мобилни апликации, со поддршка на видео канали 24 часа дневно, додека во филијалите ќе разговараме со клиентите за покомпклесни услуги со долгорочни последици, како што се станбени решенија, управување со средствата, долгорочни заштеди и сл. Ова значи дека помалку луѓе ќе работат во класични гранки на рутинските трансакции и дека ќе ги има помалку, но ова ја отвора потребата и можностите за работа во контакт центрите, во развој на платформи и канали, модели за подобро познавање на клиентите кои ни овозможуваат да бидеме тука за нив во вистинско време, на вистинско место, со вистинско решение“, изјави за Блиц, првиот човек на Нова Љубљанска банка (НЛБ).

Како што претходно објавија српските медиуми, продажбата на Комерцијална банка на словенечката НЛБ банка е во завршна фаза, а затворањето на трансакцијата се очекува до крајот на годината.