НЛБ следниот месец ќе исплаќа дивиденда за 2017 година

33

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 11 јуни ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година. Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на НЛБ Банка кои се евидентирани во Извод на акционерска книга од ЦДХВ заклучно со 28.05.2018 година.

За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.

Од НЛБ информираат дека за акционерите кои немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец од акционерот “Инструкции за исплата на дивиденда” во експозитурите на Банката или во Службата за стратешко планирање и финансиски контролинг, Сектор за финансиско управување во централата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош.

Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.