НЛБ со амбиции за ширење во регионот, размислува да се прошири во Албанија

37

Групацијата НЛБ има амбиции за натамошно ширење во регионот, со цел за преземање или партнерство со банка во Албанија, а за што ќе се одлучува  внимателно и мудро, соопштија од банката при онлајн презентацијата на деловните резултати на словенечката банкарска група.

Водечките луѓе на НЛБ очекуваат дека процесот на реструктуирање и целосна интеграција на Комерцијална банка во словенечката банкарска група ќе заврши во 2022 година и проценуваат дека со оваа аквизиција НЛБ е на пат да стане водечка финансиска институција во регионот на Југоисточна Европа.

На прес-конференцијата беше речено дека со преземањето на српската Комерцијална банка на крајот на декември 2020 година, билансот на состојбата на групацијата е зголемен за 4,3 милијарди евра, со што вкупните средства на НЛБ се зголемени на скоро 20 милијарди евра.