НЛБ со промотивна кампања за haPPy картичките за физички лица

23

Во периодот од 1.5 до 31.5.2018 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ haPPy кредитните картички за физички лица. Според соопштението во рамки на промотивната кампања, за секоја ПОС трансакција реализирана со НЛБ haPPy кредитните картички, клиентите добиваат двојно поголем износ на кешбек (поврат на средства).

Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 16% од износот на трансакцијата.

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard којашто на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на коешто е реализирана трансакцијата.

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун.

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 600 или на следниот  линк.