НЛБ Тутунска банка и Адора инженеринг со нов станбен кредит

48

nlb kreditНЛБ Тутунска банка во соработка со Адора Инженеринг воведе нов станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот.

НЛБ Тутунска банка и Адора Инженеринг преку заеднички проект им овозможуваат на заедничките клиенти на брз, лесен и едноставен начин да дојдат до нов дом. Во процесот на реализација на оваа понуда за единствен станбен кредит подеднакво учествуваат и двете компании, НЛБ Тутунска банка со намалување на каматната стапка на станбениот кредит, а Адора Инженеринг со субвенционирање на дел од каматата во периодот од првите три години од отплата на кредитот.

“Со особено задоволство Ве информираме дека НЛБ Тутунска банка уште еднаш преку збогатувањето на својата понуда на кредитни продукти излегува во пресрет на граѓаните и компаниите со кои соработува, а со тоа истовремено уште еднаш ја оправдува укажаната доверба од многубројните корисници на услугите, како во областа на личните, така и во областа на деловните финансии. Како резултат на долгогодишната соработка со Адора Инженеринг, воведовме нов продукт единствен од својот вид на пазарот – станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од 2,5% фиксна за првите три години од отплата на кредитот и без трошоци за одобрување за примени апликации за кредит до 31.07.2013 година. Притоа каматната стапка за следните две години ќе биде 5,5% (фиксна каматна стапка) и 6,9% (променлива каматна стапка) за остатокот од периодот. Преку реализирањето на овој заеднички проект со Адора Инженеринг, НЛБ Тутунска банка уште еднаш докажува дека е банка од доверба, банка која знае да слуша, разбира и советува и да се грижи во целост за своите клиенти“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка.

Заедничкиот проект помеѓу НЛБ Тутунска банка и Адора Инженеринг ќе трае 6 месеци.

Адора Инженеринг, градежниот лидер во Македонија и најуспешна компанија во градежништвото во 2012 година, на своите купувачи им нуди најповолен станбен кредит со историски најниска каматна стапка досега во Македонија. Со само 2,5% камата, субвенционирана во првите три години од Адора Инженеринг, граѓаните на Македонија од сите социјални слоеви сега можат полесно да станат сопственици на елитен квалитетен дом и со тоа да го решат животното прашање. Успехот од 10 годишното работење, потврден со европско признание за најуспешна компанија во 2012 година, наградата за најеколошка компанија во 2013 и изборот за градежен супербренд во Македонија за 2013/2014 година, компанијата на овој начин сака да го подели со своите купувачи на елитни станови и деловни простории, овозможувајќи им среќно домување и успешен бизнис“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.