NLB Тутунска банка со наградна игра за корисниците на MasterCard

173

nlb-obrokiNLB Тутунска банка организира наградна игра за сите корисници на MasterCard картичките, Maestro, MasterCard Standard, MasterCard Gold и MasterCard Light. Наградната игра започна вчера и ќе трае до 10 јуни 2013 година.

Како главна награда ќе биде доделен ваучер во вредност од 2.000 евра за патување по избор на добитникот на наградата. Ќе бидат доделени и дневни награди и тоа 32 DVD плеери, 32 радиобудилници и 32 ранци за лап топ, како и неделни награди 7 LCD телевизори, 7 таблет компјутери и 7 дигитални фотоапарати.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на MasterCard картичките од NLB Тутунска банка кои во период од 22.04.2013 до 10.06.2013 ќе направат најмалку една трансакција на износ еднаков или поголем од 500,00 МКД. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или преку Е-commerce плаќање преку интернет на македонски веб портали.

Додека трае наградната игра сите MasterCard кредитни картички ќе се одобруваат без членарина за првата година на користење.