НЛБ Тутунска банка со намалени каматни стапки на кредитите

18

universalnaНЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитите за население и ја продолжи промотивната кампања за кредити на физички лица – без манипулативни трошоци до 31 јули 2013 година.

Кај потрошувачките кредити во денари, каматните стапки се намалени од 0,4 до 2,6% поени, а продолжен е и рокот на отплата кај Промотивниот Виолетов потрошувачки кредит на 120 месеци со камата од само 6,5% фиксна за првата година.

Кај станбените кредити намалени се каматните стапки до 0,4% поени. За примателите на плата во Банката каматната стапка сега изнесува 5,5% годишно и за прв пат е фиксна за првите 5 години, наместо досегашните три. Намалување има и на каматните стапки на хипотекарните кредити во денари до 0,7% поени.

Новите каматни стапки на кредитните продукти се однесуваат на сите нови апликации за кредити примени од  денес.

Покрај намалувањето на каматните стапки Банката ја продолжи промотивната кампања за кредити без трошоци за одобрување и важноста на Промотивниот Виолетов потрошувачки кредит до 31 јули 2013 година.