НЛБ Тутунска банка воведе Празничен станбен кредит со најниска каматна стапка

39

nlb

Од 13-ти овој месец, НЛБ Тутунска банка воведе Празничен станбен кредит со најниска каматна стапка од само 2,9% фиксна за првите три години на користење на кредитот. Намалени се и каматните стапки на останатите станбени кредити и зголемен е периодот на важење на фиксната каматна стапка од три на пет години. Новите каматни стапки важат само за новоодобрени кредити.

Исто така, во периодот од 01.11.2014 до 31.01.2015 година Банката води промотивна кампања за станбени кредити во рамките на која сите апликации за станбени кредити се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.