НЛБ Тутунска банка за три месеци со добивка од над 361 милиони денари

18

nlb

НЛБ Тутунска банка во период од први јануари до 31-ви март оваа година оствари добивка од 361.690.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото тримесечје од минатата година, банката прикажа добивка од 230.667.000 денари, што е за 56,8% повеќе во однос на првите три месеци од 2016 година.

“Во првото тримесечје од 2016 година, нето каматните приходи се повисоки за 18,2% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 5,9% како резултат на зголемената продажба на кредити на население и на приватни претпријатија споредено со првиот квартал од 2015 година при значително намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисока состојба на пласирани слободни средства во благајнички записи“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Расходите по камати, како што се наведува, се пониски за 21,1% како резултат на пониските каматни стапки на депозитите и пониска состојба на обврските по кредити.

Нето приходите од провизии се зголемени за 4%. Приходите од провизии се зголемени за 9,3% поради повисоки остварени приходи од реализиран платен промет во земјата и во странство, поради повисоки приходи од услуги во електронско банкарство, од лично банкарство, од зголемен промет и број на трансакции со картички и на ПОС терминалите на банката и поради зголемен број на иматели на сметки во банката.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 960.857.000 денари и се повисоки за 8,5%.