Нобеловец им порача на Хрватите: Никако не го воведувајте еврото

55

Американскиот макроекономист, Јозеф Штиглиц изјави дека Хрватска не треба да го воведува еврото затоа што ќе ја изгуби флексибилноста како одговор на можната економска криза.

Ставот на добитникот на Нобеловата награда за економија од 2001 година е спротивен од оној на гувернерот на Хрватската централна банка, Борис Вујчиќ и хрватската влада, кои се залагаат за воведување на заедничката европска валута што е можно поскоро.

“Дали Хрватска треба да го воведе еврото? Апсолутно не!“, одговори Штиглиц.

“Еврото одзема два важни инструменти потребни за прилагодување на економијата кон шоковите. Ја лишува земјата од можноста за промена на курсот и ја лишува од монетарната политика, а со тоа и од промена на каматните стапки. Ние минуваме низ друг економски шок во оваа декада, а некои земји се повеќе погодени од другите“, рече тој, осврнувајќи се на последиците од кризата со коронавирусот.

“Поради разликата во влијанието на кризата врз одделни земји, монетарната политика што одговара на земји како Германија или Холандија не мора да одговара на оние како Хрватска или Шпанија. Затоа мора да имате флексибилност“, нотира Штиглиц.

Фото: Freepik