Ноќен туристички воз ќе ги поврзува Братислава, Виена, Грац и Сплит

106

Австриската сојузна железница во соработка со Словачката железница оваа летна сезона воведуваат нова линија на ноќен воз што ќе сообраќа на релација Братислава, Виена, Грац, Сплит.

Првиот ноќен воз, EuroNight, би требало да почне да сообраќа на линијата од 18-ти јуни, а планирано е на истата релација да биде два пати неделно сè до средината на септември. Цената на билетот од Виена до Сплит, изнесува 29.90 евра за седење и 69,90 евра за спиење.

“Нè радува фактот што Австриската железница ја поврза Виена со Сплит, што на австриските госит им овозможува патување со почитување на начелата на одржлив развој и климатски промени, исклучително важни теми на австрискиот пазар. За Хрватска, како втора најпопуларна дестинација во Австрија, новата линија е од голема важност за постигнување уште подобри туристички резултати од австрискиот пазар. Најпосетувани дестинации од австриските гости во 2019 и 2020 година беа: Истра, Кварнер и Задар, а со воспоставување на оваа летна железничка линија има дополнителен потенцијал за раст на туристичкиот промет од Австрија за регионот на Сплит и Далмација“, изјави Браминир Тончиниќ, претставник на Хрватската туристичка заедница во Австрија.

Во туристичката понуда има и пакет што вклучува повратен билет за воз меѓу Виена и Сплит и еднонеделен престој во апартман во центарот на Сплит по цена од 331 евро.

Фото: Facebook