Nokia ја тужи романската влада поради 5G мрежите

75

Финскиот производител на мрежна опрема Nokia објави дека започнал „правно оспорување“ за одлуката на романската влада да ја исклучи компанијата од листата на потенцијални добавувачи на опрема за изградба на 5G мрежи во земјата.

Минатата година, романската влада го одобри предлог-законот инициран од Соединетите Држави, со кој на кинескиот Huawei и на другите азиски производители практично им се забранува учество во изградбата на локални 5G мрежи. Се работи за иницијативата „Чиста мрежа“. Партнери на САД се Чешка, Норвешка, Полска, Естонија, Данска, Грција, Нов Зеланд, Јапонија, Австралија, Латвија, Бугарија и други.

„Можеме да потврдиме дека во февруари бевме информирани дека ни беше одбиена дозвола да обезбедиме инфраструктурна опрема за 5G мрежите во Романија од романската влада“, се вели во соопштението на Nokia цитирано од „Ројтерс“. „Итно бараме расчистување на причините за ваквата одлука и поведовме правна постапка“.

Финската компанија не го доби потребното овластување од Врховниот суд за национална безбедност на Романија, соопшти „Дивелопинг телеком“, цитирајќи локални романски медиуми. Одлуката на судот е таа што во моментов ја спречува Nokia да учествува во идните 5G инфраструктурни проекти.

Правната битка меѓу Nokia и романската влада датира од 25 март, кога беше поднесена тужба до апелациониот суд во земјата. Засега нема официјални коментари за случајот – и од Nokia и од романските власти.