Нормализиран сообраќајот на скопскиот аеродром

11

Аеродромскиот сообраќај од Скопје е нормализиран. Досега реализирани се слетувања од Виена, а се очекува да слета и авионот од Дубаи.
Од аеродромот Александар Велики, полетувања денеска имало кон Базел, а се очекува да полетаат и авионите кон Виена и Дубаи.
Утрово поради густата магла реализиран беше само летот кон Дортмунд, а кон Инстанбул и Загреб летовите беа откажани. Исто така, не му беше дозволено слетување и на авионот на Туркиш ерлајнс, кој сообраќа на линијата Инстанбул-Скопје.
Поради лошите временски услови, веќе неколку дена не се реализираа поголемиот дел од летовите на скопскиот аеродром.