Норвешка ја стопира продажбата на фабрика на Rolls Royce

79

Норвешка ја запре планираната продажба на имот на Rolls Royce во земјата на компанија под руска контрола, бидејќи се проценети безбедносни ризици на националната морнарица.

Норвешката безбедносна агенција проценува дека продажбата на компанијата Bergen Engines во вредност од 150 милиони евра на компанија TMH group под руска контрола, пренесува Ројтерс.

Инаку, Rolls Royce најави продажба на оваа фабрика на почетокот на минатиот месец во рамки на планот за дезинвестирање, чија цел е британскиот производител на авионски и бродски мотори да ја преброди кризата што ја предизвика пандемијата.

Компанијата Bergen Engines е и снабдувач на норвешката морнарица, којашто е членка на НАТО.

Bergen Engines произведува бензин и дизел мотори со средна брзина за купувачи од бродска и електроенергетската индустрија и вработува околу 950 лица.

Фото: Pexels