Норвешка: Пензиски фонд веќе не инвестира во компании што произведуваат алкохол

25

Фото: Pixabay

Најголемиот пензиски фонд во Норвешка, KLP, повеќе нема да инвестираат во компании што организираат игри на среќа или произведуваат алкохол, пишува Reuters.

Овој фонд што управува со имот во вредност од околу 80 милијарди долари, објави дека ги продава уделите во околу 90 компании, чија вредност е околу 320 милиони долари.

Меѓу исклучените компании се: казиното Wynn Resorts, фирмата за онлајн обложување Betsson, како и производителите на пиво Carlsberg и Heineken.

Од KLP велат дека ваквата одлука ја носат бидејќи не сакаат да инвестираат пари од производи што може да им наштетат на луѓето, додавајќи дека постојат подобри начини за тоа каде пензиските заштеди може да се оплодат.